Најуспешниот млад тенисер од Гевгелија, 14 годишниот Александар Груиќ викендов учествуваше на меѓународен тениски турнир „3Nations“ во Солун, Грција и овде го освои ВТОРОТО место и Вицешампионскиот пехар.
До пехарот стаса со две победи против тенисери од Бугарија и Грција и пласман во финалето.
Александар најпрво го доби мечот против Данаил Петров од Бугарија кој го победи со резултат 2:0 во сетови, (7-5 6-3).
Втората победа ја оствари со помалку мака против тенисер од Грција кого го матираше во два сета 2:0 и резултат 6-2 6-2 во сетови.
Во финалето Александар се соочи со Кристиан Косев од Бугарија од кого изгуби со резултат 6-3; 6-4.
– „Изгубив затоа што немав доволно сила бидејќи беше многу ладно и сите три меча беа тешки и се играа во еден ден. Но, на следниот турнир веднаш после два дена му вратив и го победив 6-2; 6-4“ – изјави Александар за GevgelijaNet.
Турнирот се одржа на терените на „Les racquets Tennis Academy“. Учествуваа играчи од три држави (Грција, Бугарија и Македонија) и затоа турнирот се вика „Три нации“. На турнирот Александар ја претставуваше Македонија како член на Македонската тениска федерација.
– „За мене оваа е големо искуство иако не го добив саканиот резултат“ – изјави гевгелискиот Вицешампион Александар Груиќ, деветоодделенец со бројно освоени трофеи од меѓународни и домашни турнири до сега.

Александар е најтрофејниот тенисер од Гевгелија, двократен Младински шампион на Македонија, Шампион на Европско првенство во двојки и Младински Вицешампион на Државното првенство на Македонија 2024 година.
ЧЕСТИТКИ за освоениот пехар во Солун, Грција и му посакуваме повеќе спортска среќа во следните дуели.