Ова е несекојдневна топла и полна религиска толеранција и соживот животна приказна за 76-годишната домаќинката Јелена позната како Лела од Брчко. Таа е православна христијанка и веќе со години бојадисува јајца за Велигден кои ги поклонува на своите сограѓани, а не се малку, дури 1.000 жители.
Во пресрет на овој Велигден, нејзината животна приказна повторно привлече внимание – бидејќи во нејзиниот дом, како и секоја година, се бојадисуваат над 1.000 јајца! Оваа 76-годишна жена ги бои сите јајца со љубов, а потоа ги дели на своите муслимански соседи – толку јајца во секоја куќа колку што има членови. Подарено со почит, во знак на разбирање и меѓуверска толеранција.

Традицијата на Лела трае со години и стана симбол на заедништво и топлина во нејзината заедница. Нејзината посветеност и несебичност нè потсетуваат дека за среќа, почит и соживот, не е потребно ништо друго освен да се биде човек.
Зошто привлекува внимание оваа животна приказна?
Јелена Џаферагиќ, попозната како Лела во Брчак (БиХ), од населбата Кланац се омажила за Захид Џаферагиќ во 1968 година. По 24 години хармоничен брак, таа останала вдовица, но до ден денес со посебна љубов и почит го негува споменот на својот покоен сопруг Захид.
Она што ја прави приказната на Лела единствена е нејзиниот пример за меѓуверско разбирање и почитување. Иако е православна христијанка, Лела редовно го слави Фитр Бајрам, пости за време на Рамазан, а во исто време ги негува обичаите на својата вера, славејќи го Божиќ и Велигден. Кога празнува нејзината душа таа сака да ги почести со симболот на животот, јајце вапсано, и своите сограѓани од муслиманска вероисповед.
Брчко може гордо да се пофали со својата Лела – тивка хероина на заедништвото и човечноста.


