Од утринските часови на ден Велики Петок, со изнесување на Плаштаницата, во Црква “Свето Вознесение Христово” и Манастирот “Свети Спас” броен народ се поклонува пред Плаштаницата натопена од страдалните Исусови рани за избавување на човештвото од гревовите, за победа на животот над смртта.
Се палат свеќи за здравје, за благослов, се даруваат велигденски јајца за да го најават големиот ден Велигден.
Слава тебе Христе!