Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е почувствуван денеска во 12:03 часот по локално време.
Земјотресот бил со длабочина од 10,2 километри под земјата со епицентар 18 километри североисточно од Струмица, а на 103 километри северозападно од Солун, Грција. Можно е да се епицентарот на подрачјето на општина Василево.
Од Европската макросеизмичка лабораторија известуваат дека земјотресот е на подрачјето на Северна Македонија, во близина на бугарската граница.
Поради близината на епицентралното подрачје земјотресот го почувствуваа жителите на Струмица и околните општини, а поретко гевгеличани и дојранчани.