Тимот наречен „Давид и Голијат“ во состав Ангел Аевски и Петар Цуклев, вчера на отворен натпревар пред публика во рамките на квизот „Кој знае, знае, кој не, ќе научи“ освои ПРВО место.
Тие беа првите финалисти после 4-ри рунди натпреварувачки дуели од квизот во кој со знаење се натпреваруваа 18 полуфинални тимови од средното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.
Инаку на квизот учествуваа вкупно 86 екипи со по двајца натпреварувачи, вкупно 172 умни глави полни со знаење и концентрација.
Ангел Аевски и Петар Цуклев освоија најголем број бодови, и ја понесоа победата. Тие се сокласници, ученици во II-3 во СОУ „Јосиф Јосифовски“ усогласени во знаењето и спремноста за победа. Тие беа првите финалисти со 85% точни одговори од второ и третопласираните за финалниот квиз-обрачун и со своето знаење го задржаа првото место и докажаа дека се спремни за победа, иако се една година помлади од второ и трето пласираните во квизот.

Второто место на квизот го освои екипата „Чунга Лунга“, составена од учениците Илија Иванов и Љупчо Панов, сокласници од III-1 клас. „Чунга Лунга“ беа вторите финалисти во квизот и во финалниот круг на знаење го задржаа Вицешампионското место.

Третото место им припадна на „Гигантите“ во состав Ѓорги Новаковски и Дарко Јованов. Тие беа „за влакно“ послаби со само 1-2 неточни одговори од 50 прашања кои беа поставени на квизот. Ѓорги и Дарко се исто така сокласници од III-2 клас при СОУ „Ј.Јосифовски“ Гевгелија.

Настанот се одржа во салата на средното училиште пред бројна публика која слушаше и учеше од точните одговори на натпреварувачите за знаења одопшта култура и познавања од светот, општеството, науката.
За анимација на публиката беше организиран и мал натпревар помеѓу присутните со поставување прашања за публиката и очекувани брзи и точни одговори.
Организатори на квизот се професорската четворка составена од Миле, Горан, Милан, Стефче.

Ова е натпреварувачката атмосфера од првиот натпреварувачки циклус каде учествуваа 86 екипи ученици, полни со знаење и концентрација за брзи одговори.
Честитки за вредните ученици, посебно за финалистите и победниците на Квизот!
До година со повеќе нови знаења и успех.