Во Златибор, Србија беа завршени натпреварите од Европските првенства во кошарка, одбојка, атлетика, пинг-понг. Македонските средношколски тимови во машка и женска конкуренција настапија во сите дисциплини.
Најуспешни беа кошаркарите, машкиот тим составен од ученици-средношколци од СУГС „Никола Карев“ од Скопје. Тие го освоија ТРЕТОТО место, бронзени медали за членовите на тимот и пехар за освоениот подиум.
Радоста е голема, но сепак го очекувале првото место и победничкиот пехар, па бидејќи се ученици најавуваат дека ќе атакуваат за победничкиот пехар на ЕП за средношколци следната година.
Средношколскиот тим на СУГС „Никола Карев“ од Скопје е Европски првак во кошарка за 2022/2023 во конкуренција на средни училишта, државен првак и градски првак во кошарка за истата учебна година. Заслужни за својот успех тие беа наградени со највисоката награда на Град Скопје „13 Ноември“, како и Специјална награда за најдобар училишен спортски клуб од Кошаркарската федерација на Северна Македонија.

На годинашното Европско првенство за средношколци машкиот тим на Македонија во Одбојка го освоија петтото место, а девојчињата во Одбојка го освоија шестото место.

Огромни честитки за кошаркарите кои го освоија 3то место и бронзениот медал.
Честитки за сите учесници и освоени поени и пласмани.