Полни шеталишта, преполни угостителски објекти, разгорени скари од подготвените домаќини-скараџии, уживатели на сонцето, прошетките по кеј, пловењето со дојранско кајче, музика од секое ќоше, викендици полни со првомајски гости и посетители…
Првомајската посетеност на Дојран е показател за претстојната туристичка сезона, а денешниот барометар вели “ќе биде полно од гости, и летувалци, и транзитни посетители на пропатување кон Грција”.
Денеска колоните за влез во Грција на ГП “Дојран-Дојрани” беа колометарски, до последните згради од Стар Дојран.
Среќен 1 Мај!