Вториот меморијален баскет турнир 3х3 во чест на прерано починатиот Димитар Туртуров „Мите Тути“ заврши.
Петдневното издание на спортските натпревари се одвиваа на училишното игралиште од ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, пред бројна локална публика.
Победник на турнирот е екипата на „Фламинго“ во категорија мажи-сениори.
Второто место им припадна на баскет тимот на „Cabrela Coffee House“.
Третопласирана екипа беше тимот на „Tobbaco LENI PLUS“.

Севкупните резултати во останатите категории се следните:
ВЕТЕРАНИ
1. „Илинден 2007“ – Прво место
2. „CNC TURTUROV“ – Второ место
МЛАДИНЦИ – Машки
1. „CABRELA COFFE HOUSE“ – Прво место
2. „CNC TURTUROV“ – Второ место
3. „Ристо Шуклев“ – Негорци – Трето место
МЛАДИНЦИ – Женски
1 „РИМАГ“ – Прво место
2. „Петар Мусов“ – Богданци – Второ место
3. „Крсте Мисирков“ – Гевгелија – Трето место
Најинтересна и најбогата беше финалната вечер на 30 април кога публиката уживаше во дуелите на најдобрите екипи, а програмата беше збогатена со настап на локални изведувачи, членовите на КУД „Негорци“, докажан културен амбасадор на македонската фолклорна традиција низ Балканот и пошироко.

Одличната атмосфера и присутната публика е фактор за пофалба која ќе ги натера организаторите да се потрудат меморијалниот турнир во баскет да прерасне во традиција, со негување на спортскиот дух меѓу младите и спортски бодрења на трибините од терените во Негорци.
Честитки за победниците, учесниците кои ја збогатија атмосферата на настанот, на организаторите на турнирот!