Традицијата продолжува. Топлите езерски води на Дојранското најјужно езеро во државата за време на Првомајските празнувања ги намамија и првите капачи за оваа година.
Нашата камера го улови првиот капач – односно најхрабра да влезе во езерските води на мајско пливање беше една неименувана млада девојка.
Не е за думање многу. Времето годинава се потруди Мај да биде топол, а водите езерски уште потопли со 19,6 степени целзиусови, што е за 0,4 единици повисоко од мајскиот температурен просек за изминативе години.
Денеска Дојран повторно се капе во сонце на 25 степени Целзиусови, а продолжетокот на викендот и топлата вода може да намамат и други љубители на езерско пливање и уживање.
Како и да е, традицијата си тера без грешка, и со времето, и со мераклиите на пливањето.

Уште еден доказ дека капењето за Мај не е инцидант туку капачки порив кој го мами топлата дојранска езерска вода, ни’ испрати нашиот читател Ристовски Ристе. Вели дека водата за 1 Мај 2025 била прекрасна, топла, мирна и пријатна, а тој уживал во капењето со својот другар на плажата „Алекс Бич“. Попладнето, пред залез на сонцето природата се потрудила да им приреди филмско обоено жолто-пурпурно небо за уживањето да биде незаборавно.
Празник, плажа, топло време, уште потопло езеро и сезоната за капење ЗАПОЧНУВА: