Во организација на федерацијата на училишен спорт на Македонија вчера во Велес се одржаа регионални натпревари во фудбал во конкуренција на основни училишта.
Во одлична игра на терен, носени од желбата за победа и тимски дух кој го покажаа учениците од гевгелиското основно училиште „Крсте Мисирков“ обезбедија ПРВО место и пласман на Државниот натпревар во фудбал.
На регионалните натпревари тие ги победија екипите од Источен регион и зад себе ги оставија екипите на Куманово, која беше Второпласирана, и екипата на Македонска Каменица која го завзеде Третото место.
Најпрво играа со Македонска Каменица со резултат 3 : 0, а потоа остварија победа и со Куманово 1 : 0
Пред овој резултат гевгелиските ученици од фудбалскиот тим редеа победи на Зонските натпревари:
ООУ „Крсте Мисирков“ – ООУ „Владо Кантарџиев“ – 5:1
ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија – ООУ „Блаже Конески“ Велес – 7 : 0
Дрим тимот на училиштето „Крсте Мисирков“ на фудбалските терени се избори за пласман на државниот натпревар во фудбал со 16 реализирани голови во мрежата на противничките екипи, а ниту еден примен гол.

Заслужни за победите и честитките се учениците од фудбалскиот тим на ООУ „Крсте Мисирков“ и нивниот ментор, наставникот по спорт Звонко Бучков.
Честитки и со среќа на Државниот натпревар!