Малиот фудбалски талент од Гевгелија, Јован Насев, има само 7 години и 50 дневна меѓународна кариера како најмлад спортист од Македонија кој игра за странски тим, „АEP Academy PAOK“ во Грција.
За овој период од неполни два месеца како игра во Грција тој учествуваше на три меѓународни турнири и на сите три е прогласен за најдобар играч на турнирот во категоријата U10. Тоа значи деца на возраст од 10 години, во која што категорија игра Јован, а е најдобар од сите иако им е за глава понизок и помлад за три летенца.
Денеска на турнирот „Star Agioneri Kilkis“ Јован постигна 2 гола и изведе две асистенции за сигурен гол.
Неговата екипа „АEP Academy PAOK“ го освои турнирот со три последователни победи. Првиот натпревар беше земен со резултат 2:1 каде Јован го постигна првиот гол, а за вториот несебично асистираше за фудбалот да влезе во мрежата на противникот. Втората победа заврши со резултат 1:0 каде за голот асистираше Јован. Третата финална утакмица заврши со резултат 3:1 каде Јован исто така постигна гол.
Со овој гол ангажман малиот Јован Насев од Гевгелија го понесе победничкиот пехар на клубот и се закити со два медала: за освоено прво место на турнирот и освоената титула „најдобар играч на турнирот“.
Јован започна да игра за грчкиот тим „АEP Academy PAOK“ од 19.02.2025 година и до сега учествувал на сите натпревари со својот клуб и на три меѓународни турнири, каде секогаш ја освојува титулата „Најдобар играч на турнирот“:
– Првпат на „Adridaia Easter CUP“ на 25 април (постигна 6 голови и 3 асистенции),
– втор пат на 4 Мај на Турнир на Академиите за фудбал во Солун, Грција (постигна 5 голови и 4 асистенции) и
– Трет пат денеска во Килкис ( со постигнати 2 гола и 2 асистенции).

Јован е второодделенец во ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија, има само 7 години, а носи титули на најдобар стрелец во категорија на деца три години поголеми од него. Ова е секако талент кој треба да се негува, за да напредува во спортот и успесите.
Браво Јоване!