Студентката на Правниот факултет при УКИМ во Скопје, Чарна Невзати (20) ќе ја претставува Северна Македонија на најпрестижниот избор на убавина – Мис на светот во Телангана, Индија.
Изборот ќе трае до 31 мај.
View this post on Instagram
– „Чест ми е што ќе ја претставувам мојата земја на изборот на Мис на светот 2025 година во Телангана, Индија од 7 до 31 мај 2025 година – Убавина со цел. Вистински ја ценам оваа можност што ми ја даде организацијата Мис Северна Македонија да ја претставам прекрасната култура и наследство на Северна Македонија на глобалната сцена“, напиша таа.
Во декември 2023, Невзати победи на ораторската вечер „Иво Пухан“ која се одржа на Правниот факултет „Јустинијан I“, на тема „Кој ја плаќа цената на војната и тероризмот“.
View this post on Instagram
Значи, имаме убаво и паметно девојче македонче на годинешниот избор за МИС на СВЕТОТ!
Чарна е 15-тата претставничка на Македонија што ќе се натпреварува на Мис на светот.
Македонија никогаш не била рангирана на Мис на светот.
Чарна веќе пристигна во Телангана во Индија каде започнуваат претставувањата на убавиците од цел свет.

