сабота, 28, јуни 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Пресуда: 12 години затвор за возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки премин

ВИДЕО од изрекувањето на пресудата - Васил Јованов доби казна од 12 години затвор и забрана за возење на моторно возило од „Б“ категорија во траење од 5 години

мај 13, 2025
in MАКЕДОНИЈА
Пресуда: 12 години затвор за возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки премин
0
SHARES
122
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Васил Јованов доби казна затвор од 12 години поради сообраќајната несреќа во која загина Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот Партизански одреди во Скопје. 21-годишниот Јованов претходно призна вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Смртта на Кулакова ја потресе Македонија и предизвика серија протести поради долгогодишното толерирање на бесните возачи.

– „Обвинетиот Васил Јованов е виновен затоа што без возачка, на црвено, под дејство на алкохол поминал на пешачки и удрил во пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло, и од кои се здобила со тешки повреди од кои на лице место настапила смрт“, се наведува во пресудата на судијката Снежана Марковска.

Related posts

ВИДЕО: Невреме во Македонија, ветер, поројни дождови, град

ВИДЕО: Невреме во Македонија, ветер, поројни дождови, град

јуни 27, 2025
Пораст на странските посетители во Македонија

Пораст на странските посетители во Македонија

јуни 27, 2025

Таа наведе дека како олеснителни околности Судот ги ценел признанието на вина и чувството на вина на Јованов, како и свесноста за степенот на кривичното дело што го сторил и последиците, возраста и немањето доволно искуство, поранешниот живот – активен студент и спортист и неговото однесување по сторувањето на делото, додека како отежнувачки околности биле земени интензитетот на дејствијата и прекршување на голем број норми од Законот за сообраќај. Особено како отежнителна околност судот ја цени загубата на еден млад живот, што најмногу ја чувствуваат родителите и семејството.

Освен 12-годишната казна затвор, Васил Јованов треба да ја одлежи и таа од 3 години за трговија со дрога, која судот при одмерување на висината ја вброи во отежителните околности. Судот му одреди и забрана за возење моторно возило од „Б“ категорија во траење од 5 години.

Според таткото на Фросина, таквата казна е награда за Јованов.

Адвокатот на Јованов нагласува дека казната е сепак доста строга и не е во согласност со практиката на казнената политика во земјава.

За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години. Пресудата не е правосилна и Јованов има право на жалба пред второстепен суд.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“, поради тоа што му дозволувал на својот син Васил Јованов да управува патничко моторно возило, иако не поседувал возачка дозвола.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Криумчари на мигранти кај Богородица оставиле 4 мигрантки, едната во бесознание

Next Post

Мотокрос клуб Гевгелија освои ДВА подиума на Македонскиот Мотокрос Шампионат за 2025

Next Post
Мотокрос клуб Гевгелија освои ДВА подиума на Македонскиот Мотокрос Шампионат за 2025

Мотокрос клуб Гевгелија освои ДВА подиума на Македонскиот Мотокрос Шампионат за 2025

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Шукова во Гевгелија: Министерството за животна средина со нови проекти и инвестиции за Гевгелија

Шукова во Гевгелија: Министерството за животна средина со нови проекти и инвестиции за Гевгелија

1 година ago
Нова цветна алеа во Гевгелија

Нова цветна алеа во Гевгелија

1 месец ago
ВИДЕО: СЛАТКИОТ ХУМАНИТАРЕН ШТАНД ЗА ЛУНА – Од децата на Гевгелија

ВИДЕО: СЛАТКИОТ ХУМАНИТАРЕН ШТАНД ЗА ЛУНА – Од децата на Гевгелија

2 години ago
OТВОРЕНА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ ДВЕ НЕГУВАТЕЛКИ ОД ДГ „ЦВЕТОВИ“ – ГЕВГЕЛИЈА

OТВОРЕНА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ ДВЕ НЕГУВАТЕЛКИ ОД ДГ „ЦВЕТОВИ“ – ГЕВГЕЛИЈА

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Ужас во Пехчево: Насилен гевгеличанец ја турнал својата сопруга низ прозорец
  • ДОЈРАН ЛЕТО 2025 – ветровито ама пријатно
  • Со полувековна “Застава 101” на море

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Ужас во Пехчево: Насилен гевгеличанец ја турнал својата сопруга низ прозорец

Ужас во Пехчево: Насилен гевгеличанец ја турнал својата сопруга низ прозорец

јуни 28, 2025
ДОЈРАН ЛЕТО 2025 – ветровито ама пријатно

ДОЈРАН ЛЕТО 2025 – ветровито ама пријатно

јуни 28, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist