Членовите на гевгелискиот Мотокрос клуб Гевгелија викендов учествуваа на Првата трка од Македонскиот Мотокрос Шампионат за 2025 година, во организација на МФСМ и Мото клуб “Мотори” од Скопје.
Натпреварот се одржа на патеката Орман – Скопје каде во конкуренција со други мотокрос друштва настапија тројца членови на МКК Гевгелија и завзедоа два подиуми: едно прво, едно трето и едно четврто место, сите во различни класи.
Димитар Маџунков оствари најдобар пласман во класата МХ. На стартот имаше мала неприлика, се заглави на стартната рампа, но тоа не го спречи во текот на трката да ги претекне сите возачи и да се искачи на највисоката позиција на пидесталот, со тоа што го освои ПРВОТО место. Ова е втор пат Маџунков да успее да ги претекне сите возачи и со тоа докажува колку е спремен и квалитетен возач. Во 2023 на патеката Милци имаше пад после стартната рамнина, а сепак ги претекна мотокросистите пред него и освои подиум.

Саше Трајков во класата МХ2, и покрај повредата на рамото со која се здоби една недела пред трката, сепак успеа да извози стабилно и го освои третото место во својата класа.

Драган Димов во класта МХ65, трката ја заврши на 4 место. Драган е дебитант во оваа класа, но сепак моторот го совладува доста успешно и напредува брзо.
Три возачи на мотокрос стазата Орман од Гевгелија, три високи пласмани на Првата трка од Македонскиот Мотокрос Шампионат за 2025 и два освоени подиума. Ова е солиден почеток на натпреварувачката сезона за членовите на Мотокрос клуб Гевгелија.
Следна трка на која ќе настапат е меѓународна (БМУ) во Сараево-Крешево на патеката Гајице на 24-25.05.2025 година.
Им посакувама среќа, брзина и стабилност до целта!