На државното првенство во атлетика за средни училишта учествуваше и вреден тим од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија кои дома се двратија со ДВА освоени подиума и ПЕТ медали.
ВТОРО место за Јована Дичева и ТРЕТО место за штафетниот тим од девојчиња на Државното првенство во атлетика кое се одржа неделава во Куманово.
Најдобар пласман од гевгелиските средношколки имаше Јована Дичева која освои ВТОРО место на трката од 800 метри за девојчиња, во конкуренција на средни училишта од Македонија.


Со медал се закитија и средношколките од женскиот тим на СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија кои трчаа штафета 4 х 100 метри и освоија ТРЕТО место. На штафетната трка настапија ученичките: Јована Дичева, Теодора Ристова, Симона Дичева и Стефанија Маркова.


Заслужен за резултатите е секако и спортскиот ментор, професорот по физичко обрзование и спорт при СОУ „Ј. Јосифовски“ Кирил Арнаудов кој им ги пренесе познавањата за атлетиката и техниките на трчање и на нашите девојчиња медалисти.
Честитки за остварувањето на средношколките и гордиот ментор!
