Тајланѓанката Опал Сучата Чуангсри е избрана за Мис на светот 2025. На 72. издание на изборот кој се одржа во Хајдерабад, Индија, таа ја освои ласкавата титула за најубава, а круната ѝ ја врачи минатогодишната победничка, Кристина Пишкова од Чешка.
View this post on Instagram
На изборот се натпреваруваа 108 девојки, меѓу кои и младата Чарна Невзати, која ја претставуваше Македонија.
Девојките беа поделени во четири континентални групи, Европа, Азија и Океанија, Африка, Америка и Карибите, а се одвиваше низ неколку фази, односно категории: Избор на Топ 40 (10-те најдобри девојки од секоја група), Топ 20 (избор на 5 девојки од секоја група), а потоа Топ 8, во кои беа вклучени две финалистки од секоја група, и Топ 4, во кои беа вклучени суперфиналистите, или најуспешните девојки од секоја група.
View this post on Instagram
Нашата претставничка студентката по право на „Јустинијан Први“, Чарна Невзати од Македонија се врати дома, таа не успеа да се пласира ниту во ТОП 40 девојки од светот:
– „Не сум разочарана, напротив, чувствувам благодарност што бев дел од нешто толку значајно и што имав можност да ја претставувам својата земја“ – вели Чарна.
Новата МИС на Светот Опал Сучата Чуангсри е родена на 20 септември 2003 година во Пукет, Тајланд. Таа пораснала во семејство на хотелиери, а за време на образованието во училиштето „Каџонкиецукса“ и училиштето „Триам Удом Сукса“, ги развила своите комуникациски вештини и стекнала јазични вештини – покрај мајчиниот тајландски јазик, течно зборува англиски и кинески.
Ова е моментот на прогласувањето на Мис на Светот.
Нејзиното учество на избори за убавина започнало на национално ниво, каде што ја освоила титулата Мис Универзум Тајланд во 2024 година. Подоцна истата година, таа ја претставувала својата земја на изборот за Мис Универзум, каде што била меѓу четирите најдобри натпреварувачки и го освоила третото место.
Еден аспект што го одбележал нејзиниот јавен активизам е проектот наречен „Опал за неа“, кој го започнала кога имала 16 години. Проектот има за цел да ја подигне свеста за важноста на грижата за здравјето на дојките и раното откривање на болеста. Проектот бил инспириран од нејзиното лично искуство со операција на бениген тумор на дојка.
За нејзините напори во оваа област, таа ја доби наградата „Глас за промени – Сребрен“ на изборот за убавина Мис Универзум 2024, привлекувајќи внимание на здравствените проблеми на натпреварот.