Од 2 до 5 јуни на сцената на Народниот театар во Гевгелија се изведуваат предфестивалски претстави на „Калинка 2025“ наменети за децата од Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран. Публика се учениците од основните училишта, децата од детските градинки.
Викендов, од 6 до 8 јуни ќе се одржат три фестивалски свечени концерти.
Детскиот фестивал „Калинка“ во Гевгелија има своја долгогодишна традиција, а годинава го реализира своето 23-то издание. Калинка низ годините зад себе оставила музичка ризница од 400 детски песнички.
За почеток ви презентираме една нова песничка „Оро македонско“ во исполнение на Марија Бојмалиева, а со неа сценски настап има и малата танцова група од „Мистик денс“ Гевгелија. Уживајте.
За оваа година новиот фестивалски тим подготви и нова фестивалска песна која ги кани посетителите во Гевгелија:
-„Повелете во Гевгелија, јужна песна да те погали, повелете на сок од калинка, овде кај нас на море мириса“ – е дел од рефренот.
Па, повелете овој празничен викенд во Гевгелија на фестивалските концерти од 6 – 8 јуни на „Калинка 2025“!