Во времето на работничкото самоуправување за време на социјализмот, работниците од Гевгелија организирано преку синдикатот одеа на бесплатни екскурзии, некои наменети за запознавање на Македонија, некои за запознавање на братските YU републики, а некои и подалеку во соседството.
Организацијата и финансирањето на екскурзиите беа на Синдикалната организација во колективот.
Ретро-фотото од насловот потекнува од 70-те години на XX век кога вработени од „Електро Македонија” Подружница Гевгелија се во посета на Термопилите, Грција, каде се одржала легендарната Битка кај Термопилите помеѓу малубројната војска предводена од Спартанскиот крал Леонид I, и бројната надмоќна војска на Персискиот владетел, Ксеркс I. Битката траела три дена, од овде потекнува олимписката дисциплина „маратон“ од гласникот кој трчал 42,195 километри од Маратонското поле до Атина за да каже дека грчката војска дава силен отпор на Персијците, но дека кога и последниот војник ќе загине можно е да ја нападнат Атина. Тоа им дало време за евакуацја на атињаните. Ова е од Античката историја од 480 година п.н.е.
На фотографијата од десно на лево се: Џоко Шаренков, тогаш директор на „ЕСМ Македонија“ Подружница Гевгелија, Живко Дојранлиев претседател на Синдикалната организација на колективот, Миле Капсаров на работно место инкасатор и вработениот во ЕСМ познат во Гевгелија под прекарот Б’ц.