сабота, 3, октомври 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Топлото време ги вжешти телефонските линии на Брза помош-Гевгелија

Неделава, регистриран е зголемен број на повици кон Службата за Итна медицинска помош при Општа болница Гевгелија за време на топлотниот бран

јули 24, 2025
in ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
Топлото време ги вжешти телефонските линии на Брза помош-Гевгелија
0
SHARES
421
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Топлото време кое ја зафати целата држава, во Гегелија донесе екстремно високи температури од 40 до 43 степени, кои на свој начин влијаеа на здравствената состојба на голем дел од граѓаните.

Во Службата за Итна медицинска помош во Гевгелија топлото време ги вжешти и телефонските линии кон ИПМ. Дневно се примат барања за 60 до 80 интервенции, како во амбулантата во Гевгелија, така и за теренски интервенции за укажување медицинска помош на граѓаните со лекарски третман.

Related posts

Во Македонија 54% од населението се пушачи

Во Македонија 54% од населението се пушачи

октомври 1, 2026
Орден „8 Септември“ за Светлана Мојсов, македонски научник која го откри лекот Оземпик

Орден „8 Септември“ за Светлана Мојсов, македонски научник која го откри лекот Оземпик

септември 27, 2026

Најчести проблеми на кои се жалат граѓаните овие денови е покачениот крвен притисок и тегоби со стомачни вируси. Најзастапени при повикот за интервенции е возрасната група од 50 до 70 години старост кои претежно се жалат на тешкотии со висок крвен притисок. Стомачниот вирус е тегоба на која се жалат и помалите, и средната генерација на граѓани, но и постарите. Симптомите кај сите се исти, траат од 3 до 4 денови и поминува, вели д-р Снежана Ѓурова од ИМП при Општа болница Гевгелија со проширена надлежност.

  • „Освен амбулантските пациенти кои доаѓаат за медицинска помош во ИМП и теренските посети кои се одвиваат во регионот на нашата надлежност, регионот на Гевгелија, Богданци и Дојран со населените места, овие денови има и зголемен број на повици кон ИМП од граѓани кои бараат совети од нас лекарите. Најчесто се јавуваат во случаи на дехидрираност, или кога установиле низок крвен притисок кај себе, или член од семејството, или за состојба на намалено ниво на шеќер во крвта. Во таков случај ги советуваме нашите граѓани, пред да станат амбулантски пациенти да си самопомогнат. При дехидрација и низок притисок советот е да пијат повеќе вода, да конзумират солена храна, пиење на течности во секаков облик“ – изјави за GevgelijaNet д-р Снежана Ѓурова.

Ова наведува на заклучок дека гевгеличани и граѓаните од југот имаат познавања за живот при екстремни горештини и дисциплинираност за почитување на здравствените препораки, па наместо да чекаат болнички третман од последици од изложеност на сонце, тие бараат совети од лекарите при ИМП за како правилно да си помогнат при здравствените тегоби од жешкото време.

И, денеска ќе биде топло, со екстремни 43 степени Целзиусови на југот од државата. Чувајте го здравјето, пијте повеќе течности, разладувајте се со туширање, носете светла и лесна облека, не се изложувајте на директно сонце од 11 до 17 часот, а ако морате на кратко да завршите некоја работа во тоа време носете капа, шапка, наочари за сонце.
Хроничните болни нека ја зимаат на време својата пропишана терапија.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Зголемена фреквенцијата и брзината на премин на ГП Стар Дојран – над 35.000 патници неделно

Next Post

Kриза со глад во Газа: Палестинците се борат за преживување

Next Post
Kриза со глад во Газа: Палестинците се борат за преживување

Kриза со глад во Газа: Палестинците се борат за преживување

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Протест во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

ВИДЕО: Протест во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

2 години ago
ВИДЕО: ТРЕТА  еколошка акција на Хероите од Дојран

ВИДЕО: ТРЕТА еколошка акција на Хероите од Дојран

1 година ago
Тешка сообраќајна несреќа на патот Богданци-Гевгелија

Тешка сообраќајна несреќа на патот Богданци-Гевгелија

2 години ago
dm и оваа година е дел од Светската недела на доењето

dm и оваа година е дел од Светската недела на доењето

2 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава
  • ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец
  • Во Македонија 54% од населението се пушачи

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

ТОМЧЕ ПЕТКОВ – рекордер во најава

октомври 2, 2026
ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

ОВР Гевгелија: Лишен од слобода жител на Богданци, КП за гевгеличанец

октомври 1, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist