Ново изненадување од „Атлетската стрела од Југот“ Антонио Каракабаков – Освои два медала, ЗЛАТО и СРЕБРО на Меѓународниот атлетски митинг за пионери „VI ТРОФЕЈ СМЕДЕРЕВСКЕ ТВРЏАВЕ“ одржан на 13 септември во Смедерево, Република Србија.
ПРВО место и Златем медал освои во категоријата „Скок во далечина“ каде оствари скок од 5,49 метри и го освои ШАМПИОНСКИОТ Трофеј – НАЈДОБАР пионер во оваа категорија на Балканот.
ВИЦЕШАМПИОНСКОТО место го освои во категоријата „трка на 60 метри“ каде со време од 7,74 секунди го завзеде второто место и Сребрениот медал.

Атлетскиот митинг во Смедерево собра пионери од пет балкански земји каде се натпреваруваа во атлетски дисциплини 727 учесници од Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија и Македонија.
Антонио во оваа силна конкуренција собра ШАМПИОНСКИ и ВИЦЕШАМПИОНСКИ медал за своите дисциплини и личен рекорд на трката од 60 метри.


- „Антонио е стандардно најдобар во скок во далечина и во моментот меѓу првите три пионери на 60 метри на Балканот. Целта е да го сруши рекордот на скок во далечина во категорија У16, кој е стар 47 години, а имаме време повеќе од година дена за подготовка, да го собориме!!! Не застануваме тука, во периодот кој ни претстои, веќе имаме ПОКАНИ за уште меѓународни натпревари, на кои очекуваме Антонио да ја изненади Македонската јавност со позитивни резултати“ – изјавува неговиот тренер Мики Здравкоски.
Погледнете го драматичниот финиш во трка на Антонио на 60 метри, го освојува второто место и остварување на ЛИЧНИОТ РЕКОРД 7.74sek!!! 🇲🇰🏅
Атлетскиот Клуб „Аеродром“ во чии бои настапува Антонио, имаше завидни остварувања на Меѓународниот митинг во Смедерево – Освоени се се’ вкупно 4 медали, три сребрени 🥈, една златна 🏅, едно четврто и едно петто место!!! Заслужни се: Антонио Каракабаков, Дариа Петровска, Иван Савески, Јоана Цилимингас, Марко Богојоски и Димитар Здравкоски. Локалниот печат во Смедерево им посвети статија на спортистите од Македонија со фотографија од тимот на АК „Аеродром“. Ова е доказ дека спортот е потстрек, здравје, напредок и пријателства.

БРАВО АНТОНИО – нашата Атлетска СТРЕЛА од Југот!

Антонио е 14 годишен атлетичар од с.Стојаково, кој својот талент по спортот и атлетиката го открил на часовите по физичко, продолжи да тренира како член на АК „7 Ноември“ Гевгелија, а веќе две години тренира и настапува во боите на АК „Аеродром“ од Скопје и остварува победи, освојува медали и се подготвува за нови рекорди, Балкански и Европски.
НАПРЕД – ЛЕТАЈ СТРЕЛО КОН ВРВОТ!




















