Заклучно до 15 часот во општина Гевгелија гласале 6.716 граѓани, или 35,78% од граѓаните со право на глас запишани во единствениот Избирачки список како полнолетни жители на општина Гевгелија.
Во првите 4 часови од гласањето, поточно до 11 часот излезноста на гевгеличани беше 12,81% што значи дека во следните 4 часа гласачите поитале да го остварат своето гласачко право во 37-те избирачки места отворени во Општина Гевгелија, во градот и населените места, односно повеќе од двојно е зголемен бројот на гласачи во пладневните часови до 15 часот.
Право на глас имаат 18.821 граѓани на општина Гевгелија. Во Гевгелија гласаат 18.770 граѓани, а 51 граѓанин гласаат во друга општина, од кои 49 поради издржување казна затвор и гласаат во КПУ и 2 стари лица кои се на престој во старечки дом.
Од Општинската изборна комисија велат дека пресекот во 15 часот покажува помала излезност на гласачите од последно одржаните избори во Гевгелија.
За истиот период до 15 часот излезноста во Македонија е 31,34%.



















