Екипа од 17 учесници од Атлетскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија вчера вечер учествуваа на 13-от традиционален „Солунски ноќен полумаратон“ 2025.
Освен полумаратонот од 21,097 километар должинска траса, се трчаа уште три пропратни трки: трка од 10 километри, трка од 5 километри и трка од една миља.
Поради изградбата на обиколницата веќе втора година по ред се трча по новата траса, заради избегнување на оптеретувањето на главните сообраќајниците низ Солун.
Нашите атлетски сили од Гевгелија учествуваа во трите должински дисциплини на 21, 10 и 5 км и го остварија следниот резултат (поединечно):
Трка на 21 километар (полумаратон)
– Прошевски Дарко 1.53.02
– Епов Атанас 1.31.18
– Андреев Димче 1.53.04
– Ристов Драган 2.16.55
– Цветков Орце 2.18.46
– Ангелов Александар 2.18.51
Трка на 10 километри
– Прочевски Дарко 52.22
– Лешев Петар 50.19
– Ристов Драган 59.51
– Дучков Андон 45.10
Трка на 5 километри
– Прошевски Дарко 31.14
– Ристов Драган 37.57
– Анчев Даниел 18.25
– Проданов Васко 19.42
– Дучков Андон 20.50
– Узунов Ицко 23.18
– Петков Тодор 31.57
– Атанасовски Ристо 33.40
– Мурџева Ангела 33.03
– Крајчева Александра 34.33
– Петкова Александра 37.12
– Ристов Данче 37.54

Гевгелискиот 17 член атлетски тим оствари 25 стартувања и учество на тркачките стази низ Солун, бидејќи двајца натпреварувачи ги истрчаа сите три трки, додека еден трчаше на две трки. Така двајца, Дарко и Драган дома се вратија со три медали finisher, Андон со две медали finisher. Вкупната „берба“ на медали на гевгеличани во Солун изнесува 22 одличја. Еве кои се неуморните тркачи:
– Прошевски Дарко 5,10, 21 километри
– Ристов Драган 5,10, 21 километри
– Дучков Андон 5,10 километри


Свои најдобри лични времиња достигнаа атлетичарите:
– Васко Проданов на 5 километри
– Дучков Андон на 5 и 10 километри
– Андреев Димче на 21 километар
– Епов Атанас ја истрча прва полумаратонска дистанца од 21 км.

Најдобри остварени времиња на трките од гевгелиските учесници постигнаа: Епов Атанас (1.31.18) на полумаратонската трка од 21 км, Дучков Андон (45.10) на трката од 10 км и Анчев Даниел (18.25) на трката од 5 км.
Честитки за сите учесници и достигнувањата на гевгелиските атлетичари во силната меѓународна конкуренција која ја собра годинава Солунскиот ноќен полумаратон.




















