Денеска во 07 часот отворени се избирачките места за осмите по ред Локални избори во Македонија.
Граѓаните ја исполнуваат својата граѓанска должност да бираат свои претставници во локалната самоуправа.
Во Гевгелија тоа гласачко граѓанско право до 11 часот го оствариле 12,81% од гласачите запишани во изборачкиот список, или вкупно 2.404 гласачи од 18.770 граѓани со право на глас..
На ниво на Македонија излезноста во првите два часа од изборниот ден изнесува помалку, само 3,05%, а во Гевгелија гласачите беа поагилни и излезноста во тој период беше 4,3 %.
Се гласа на вкупно 37 избирачки места во Општината. Сите навреме точно во 07 часот утрово беа отворени и без никакви проблеми започна изборниот ден, информираат од ОИК.



















