Со звуците на Штраусовата опера “Лилјакот” денес точно напладне гевгелиските матуранти го заиграа танцот на зрелоста, квадрил, на плоштадот во Гевгелија, означувајќи дека завршуваат едно поглавје во животот.
Од денес зачекоруваат во нови предизвици и успеси.
Ова беше официјалниот дел од Матурскиот танц на генерацијата 2022/2026 година изведен во ист ден и термин заедно со уте 14 земји од Европа.
Во неформалната дружба забавата продолжи со звуците на „МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ“ и разиграните гевгелиски матуранти.
Со развиорено оро по тактот на песната „Македонско девојче“, со „Пајдушко оро“, со звуците на локалните музичари, со „Танцот на пингвините“ после одиграниот квадрил матурантите од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија ја продолжија забавата на градскиот плоштад, покажувајќи дека се спремни за радости, нови предизвици и успех во понатамошниот живот.
СРЕЌНО МАТУРАНТИ!🍀🍀🍀



















