КК „Кожув“ е домаќин на завршниот турнир во „АДАСТРА“ младинските лиги М-20:лига-мажи, кој ќе се одржи овој викенд на 16. и 17. мај во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија!
Полуфиналето ќе се одигра во сабота – 16 Мај на кој публиката од 16 часот ќе може да ги проследи натпреварите помеќу екипите на:
⏰ 16:00 | Вардар – Феникс 2010
⏰ 18:30 | Водно Санс –„ Кожув“
Во неделата 17 Мај ќе се одиграт натпреварите за трето место и големото финале по следниот редослед:
🏀 Натпревар за 3-то место – 16:00
🏆 ФИНАЛЕ – 18:30
Играта е повозбудлива и подинамична кога публиката и следи своите симпатизери на терен. Така момците од оваа златна генерација очекуваат потстрек од трибините за залет, за успех, за победа.
– „АЈДЕ ГЕВГЕЛИЈА — СИТЕ ВО САЛА! 🔴🏀 ВО МЛАДИТЕ Е ИДНИНАТА!“ – порачуваат од КК „Кожуф“.




















