Месец Мај и годинава докажа дека е стартен месец кој ги мами првите капачи во водите на Дојранското езеро.
Обично тоа е за време на празнувањето на Денот на трудот, 1 Мај, кога загреаните гости, скараџии, заиграните на оро, ќе одлучат да се разладат од празнувањата со освежително капење во топлиот Дојран.
Врнежливиот почеток на Мај го одложи почетокот на првото капење во езерото за 2026 година, но сепак на топлиот 14 мај, во четвртокот, во водите на езерото на Градската плажа во Стар Дојран запливаа двајца симпатизери на воденото уживање во Дојран.
Настанот го регистрира локален жител од Стар Дојран, В.Џинев, кој направи аматерска снимка од далечина.
Колку време уживаа пливачите во водите на Дојран не знаеме, но веруваме дека уживаа несвесно за титулата која ја понесоа „првите капачи во Дојранското Езеро за 2026 година“.
Водите на езерото се секогаш топли. Десет годишниот просек на температурата на водата во Мај изнесува 19,2 степени целзиусови, а преку летото достигнува до 26-28 степени. На 14 мај, поради врнежите од претходните денови водата во езерото изнесуваше 16,5 степени целзиусови.
Ете, и капачите стасаа. Дојранчани и љубителите на Дојран и Дојранските убавини можат спокојно да го чекат летото, или уживателите на пливање да се прошетат на викенд на првото капење во сезонава 2026.
Југот си е Југ!



















