По прегледани 100% од изборниот материјал ДИК објави резултати дека во Гевгелија победник на Локалните избори за градоначалник е Андон Сарамандов, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој доби 56.05% од гласовите на граѓаните кои вчера учествувале во избирачкиот процес.
Сарамандов е победник во првиот изборен круг, бидејќи повеќе од 50% од граѓаните кои гласале се изјасниле за него, како што е пропишано во изборниот законик.
Останатите кандидати во изборната трка за градоначалник ја добија следната доверба од граѓаните:
– Миле Атанасов – (СДСМ) – 2.227 гласови, 19,85%
– Тони Аврамов – (Левица) – 1.698 гласови, 15,13%
– Љупчо Бучков – (Родина Македонија) – 161 глас, 1,43%, и
– Магдалена Каркалашева – (Група избирачи) – 128 гласови, или 1,14%.

Од добиените резултати за избор на членови на Совет на општината резултатот носи нов распоред на политичките сили во Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ освои 11 мандати, СДСМ освои 4 мандати, Левица 2 мандати, МААК 1 мандат и ЗНАМ 1 мандат. Вкупниот состав на Советот на општината го сочинуваат 19 претставници на локалната власт кои со своите гласови ги избраа граѓаните.
Составот на Советот на општина Гевгелија го сочинуваат следните членови:
1. ДИМИТАР ВЕГОВ – (Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
2. АНЕТА СТАМКОВА – (Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
3. ГЕОРГИ ПЕТКОВ – (Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
4. ЗОРАН ДИМИТРОВ – (Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
5. НАДИЦА РИСТОВСКИ – (ВМРО – ДПМНЕ)
6. ИГОР ИЛКОВ – (Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
7. БОРЧЕ СТОЈКОВ – (Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
8. ПАВЛИНА МИНОВА-ИЧЕВА – (Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
9. ЕЛЕНА ХАЏИ-НИКОЛОВА – (Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
10. ЃОРГЕ ПОПОВ – (Коал. ВМРО – ДПМНЕ)
11. САРА МАРКОВА – (ВМРО – ДПМНЕ)
12. АЛЕКСАНДАР КИРОВ – (Коал. СДСМ)
13. КАРАНФИЛКА АЛЧИНОВА – (Коал. СДСМ)
14. ЦВЕТАН НЕЛОСКИ – (Коал. СДСМ)
15. ЕЛИЗАБЕТА СИВОВА – (Коал. СДСМ)
16. НИКОЛЧО ПЕТРОВ – (ЛЕВИЦА)
17. МИХАИЛ ТОДОРОВ – (ЛЕВИЦА)
18. БОРЧЕ НЕЧЕВСКИ – (ДВИЖЕЊЕ ЗНАМ)
19. РИСТО ЃОРГИЕВ – (МААК)

Довербата на граѓаните искажана преку гласови ја добиле: ВМРО-ДПМНЕ 49,73%, СДСМ 19,63%, Левица 9,75%, МААК 5,80%, ЗНАМ 4,82% и ЛДП 3,18%. Од шесте листи за членови на Совет на општина Гевгелија преку изборниот процес на кој граѓаните гласаа свои претставници во локалната власт, свој мандат обезбедија 5 листи, само ЛДП не го обезбеди гласачкиот цензус од 4% пропишан во Изборниот законик на РМ и не доби свој мандат во локалното самоуправно тело.
Гласачкиот ден заврши успешно без инциденти на сите 37 избирачки места отворени во Гевгелија на кои од 18.881 граѓани со право на глас гласачкото право го оствариле 10.346 граѓани, или 55,12% од гласачкото тело во Општина Гевгелија.
ДИК објави дека од недела на полноќ започна да тече рокот од 48 часа за поднесување приговори на гласачкиот процес, кој истекува во вторник до 24 часот.



















