Малиот 8 годишен Јован Насев од Гевгелија, фудбалер на „АЕК Академија ПАОК“ во Грција, денеска освои нов пехар, 7-ми по ред освојувајќи ја титулата „Најдобар стрелец на турнирот“ што се одржа во градот Херсо, Република Грција.
Тој на турнирот постигна 5 гола и на својот тим му донесе две победи: едната со резултат од 3:0 против тимот на Килкис, и втората со резултат 3:0 против тимот на Херсо. Осумгодишниот Јован упати прецизно 5 голови во противничката мрежа и реализираше 1-на асистенција за конечен 6-ти гол во противничката мрежа. Тоа го донесе за тимот на Јован „АЕК Академија ПАОК“ победничкиот пехар на турнирот, а за малиот Јован значеше нов освоен пехар за титулата „Најдобар стрелец на турнирот“ во Херсо.
Ова е седми турнир за период од три месеци како Јован тренира и игра во детската лига со грчкиот клуб „АЕК Академија ПАОК“ и е најмладиот фудбалер од Македонија кој игра во странски тим.
Денешните 5 постигнати гола го привлекоа вниманието на раководството на ФК „ПАОК“ од Грција кои што до Јован упатија покана од септември да стане член на Фудбалската Школа на ПАОК со седиште во Солун, каде што млади таленти тренираат и настапуваат во „Детската ПРВА лига“ во Грција.

Малиот гевгелиски и македонски фудбалски талент Јован Насев, од септември ќе биде најмалиот македонец кој заиграл во првата Лига на Грција со првата детска постава на реномираниот фудбалски клуб ПАОК.
За ваков голем ангажман кој ќе му ја трасира кариерата во спортот ќе треба второодделенецот Јован следната учебна година да ја продолжи во Солун.
Патот до успехот освен талент значи многу труд, откажувања и дисциплина, кои во моментот Јован без приговор ги исполнива.
Најголемата поддршка на Јован е неговиот татко Александар, и самиот долгогодишен фудбалер на ФК „Кожуф“ од Гевгелија.

Еве го моментот на колективниот успех од победата на денешниот турнир во Херсо, Грција.
Честитки Јован, да продолжиш да редиш успеси во животот!