Благица Бурева, мајка на Владимир, сподели апел во кој бара помош за пронаоѓање на нејзиниот син. Таа тврди дека тој заминал вчера утрото и не се вратил. Посочува дека случајот е пријавен и во полиција.
„Последната локација е Велес. Облечен беше во црна тренерка“, вели Благица Бурева за „Скопје1“.
На социјалните мрежи се споделува апел од семејството на Владимир Бурев од Штип, кој не е достапен од вчера. Излегол од дома од 4 часот изутрината и се губи секаков контакт со него.
Апелот го споделуваат и роднини и пријатели на Владиир.