Завршетокот на учебната година и остварувањата на учениците при СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија беа одбележани со пригодна манифестација „Од најдобрите за најдобрите“ на која беа прогласени најистакнатите ученици во СОУ и во активностите и натпреварите каде ги бранеа боите на гевгелиското средно училиште.
Од сите пофалени, беше истакнато дека ученичката од IV година, матурантката Ивана Груиќ е прогласена за ученик на генерацијата 2024/25, при СОУ „Јосиф Јсифовски“ Гевгелија.
Ивана освен што е одлична ученичка, таа е и редовен претставник на училиштето во спортските натпревари на регионално и државно ниво и редовен носител на трофеј за училиштето. Освен спортот ја интересира и науката, па не изоставува учество и на натпревари од други наставни програми.
За истакнување е дека Ивана додека беше средношколка во гевгелиското СОУ успеа да ги освои и задржи Шампионските и Вицешампионските титули за тенис на ниво на средни училишта, како и на пинг понг, исто така на државно ниво во конкуренцијаа средни училишта во Македонија.
Ивана со тенисот се запознала многу рано и тренира од својата 7-ма година. Во првата учебна година беше втора на ДП во тенис, во втората и третата школска година како средношколец Ивана ГРУЈИЌ е ПРВАК на Македонија во тенис за средношколци. Во четвртата година е Вицешампион.
На Меѓународниот турнир во пинг-понг „Негорци Опен“ Ивана освои Второ место, а на државното првенство во пинг-понг во конкуренција на средни училишта таа го освои Вицешампионското место.
Ивана е посветена ученичка, вредна спортистка и насочена матурантка во животот да успее и да напредува, како во спортот, така и на професионален план, а дека има кондиција за сите предизвици докажа со сите освоени трофеи до сега.
Пофалница за нејзините достагнувања и прогласување на Ученик на генерацијата 2024/25 на Ивана Груиќ и врачи директорот на СОУ „Ј.Јосифовски“ Александара Делиџаков, на свечената манифестација „Од најдобрите за најдобрите“ што се одржа во Народниот театар во Гевгелија.

Честитки Ивана! Со среќа понатаму во животот на сите матуранти!
Гевгелиската средношколка Ивана Грујиќ – Државен првак во тенис за 2024
Гевгелиската средношколка Ивана Грујиќ – Вицешампион во тенис за 2025