Невреме во Велес попладнево. Улиците се претворија во реки. Поројниот дожд остави калливи потоци низ градот, а наместа и водени наноси поради каскадните градби во градот на Рацин.
Маките на Велешани со пороите како да доаѓа од сите страни, и од небото од каде истурат облаците, и од скалестите градби во градот распослан на ридот.
Попладнево Скопје беше зафатено од пороен дожд, проследен со силни електрични празнења и засилен ветер, особено изразени во источните делови од градот. Во некои населби беше забележана и појава на град, но засега не се пријавени случаи на материјална штета.
Нестабилното време и натаму е присутно во делови од скопската котлина, каде продолжува да врне дожд со променлив интензитет, придружен со грмежи.
Видеото е од Општина Аеродром.
Невреме со грмотевици во Скопје.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат дека ваквите временски услови ќе продолжат и во наредните денови. Според најавите, до петок попладне се очекува нестабилно време со повремени поројни дождови, грмежи, засилен ветер, а локално е можен и град.
Надлежните институции апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни при појава на електрични празнења и да избегнуваат престој на отворен простор, особено под осамени дрвја и метални конструкции.