Десет атлетичари од Гевгелија, членови на АК „7 Ноември“ во неделата настапија на трките во градот Керкини, во Грција.
Овде беа на програмата три трки од 21 км, од 10 км и 6 километри, како и детска трка од ненатпреварувачки карактер. Нашите спортисти од Гевгелија настапија на трките од 6 и 10 километри, а децата од „Школата за атлетика“ при гевгелискиот атлетски клуб настапија на детската трка.
Единствен тркач од Гевгелија на трасата од 10 км беше Дарко Прошевски кој постигна време од 47:07 минути.
На трката од 6 километри најуспешен беше Влатко Семенаков кој освои подиум за второ најдобро време од 22:08 минути.
На оваа траса од Гевгелискиот атлетски клуб настапија 5 сениори и еден ученик на „Школата за атлетика“ Максим Ангов кој има 10 години Конечниот пласман е следен:
– Семенаков Влатко – истрчана траса за 22.08 min , освоено второ место
– Ангов Максим – (најмалиот учесник во трката наменета за сениори) – време 26.21 min
– Анчев Тодор – време 26.22 min
– Ковачев Никола 29.45 min
– Проданов Васко 31.25 min
– Коцевски Игор


На Детската трка настапија: Петков Томче, Семенаков Горан, Семенаков Костадин и Цицмиловиќ Божидар и сите добија финишер медали за учество.

Трката во Керкини привлече многу учесници и од други земји освен домаќинот Грција, од Македонија, како и голем број на бугарски атлетичари и тркачи од регионот.
Трката во Керкини Грција се одвива во еден автентичен несекојдневен амбиент за еден спортски настан, тоа е трка покрај езерото во областа на Националниот парк, тоа е домот на биволи и специфични врсти на 12 видови птици, како корморани и пеликани.
Учеството на трката значи и спортска посета на Керкини, но и многу посетители за публика, навивачи, туристи.
Гевгелиските атлетичари достојно се претставија на тркачкиот ринг и дома се вратија со уште еден освоен пехар, медал за освоено ВТОРО мест и уште 9 медали за конечен пласман на трката.
