Гевгеличанка била барана со потерница заоа што побегнала од Затворска установа. Пронајдена е вчера во Гевгелија и лишена е од слобода од страна на полициски службеници.
Во полицискиот извештај стои заведено дека на 20.06.2025 во 21:10 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ја лишиле од слобода Д.Џ.Б.(46) од Гевгелија.
Таа била барана по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор „Идризово“, каде издржувала казна затвор од три години и шест месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а имала за доиздржување уште две години и пет месеци.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор „Идризово“ за доиздржување на казната.