Леонид Цуклев од Гевгелија е средношколец првак на Македонската олимпијада по информатика и првиот член од тимот на Македонија на претстојните Математички олимпијади во Светот и Балканот.
Тој е ученик на III година, ДСУ Математичко – информатичка гимназија, Скопје, а како ученик во основното училиште „Климент Охридски“ во Миравци редовно победуваше на математичките натпревари на државно ниво.
Леонид беше Победник и освојувач на златен медал на Македонската олимпијада по информатика, која се одржа на 16 и 17 април 2025 година на Факултетот за информатика и компјутерско инженерство при УКИМ, во Скопје.
Сега својот математички талент Леонид ќе го докажува во конкуренција на математичари ученици од земјите во светот.

Сојузот на математичари на Македонија објави дека тој е дел од тимот за учество на Осмата Меѓународна Економска Олимпијада, во Баку, Азербејџан, во периодот од 20 – 29.07.2025 година.
Исто така Леонид е најавено дека ќе учествува на Меѓународната олимпијада по информатика (IOI), која оваа година ќе се одржи од 26 јули до 3 август, во градот Сукре, Боливија, како една од 15-те Меѓународни научни олимпијади.
Покрај тоа, Цуклев ќе учествува и на Балканската олимпијада по информатика (BOI), што ќе се одржи од 25 септември до 1 октомври 2025 година, во Удинезе, Италија.
Леонид ќе ја претставува Македонија на овие престижни натпревари и секако ќе се труди да постигне максимални поени. СРЕЌНО Леонид!
