Топлото време носи повеќе учесници во сообраќајот кои како превоз користат мопеди, а за нивната безбедност со совети за сообраќајните правила и прописи се грижи Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Гевгелија. Тие вчера изведоа акција низ сообраќајниците во Гевгелија.
Вчера, на 25.06.2025 во Гевгелија, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија и претставници на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Гевгелија спроведоа превентивна активност со наслов и порака: „Секогаш носи кацига и заштити го животот“.
Преку делење на летоци со едукативна содржина и во разговор со возачите на мотоцикли им беше укажано за нивната должност да носат кацига при управување на мотоциклите, со цел зголемување на нивната безбедност. Исто така, им беа посочени и законските одредби кои предвидуваат санкционирање на возачите кои при управување на мотоцикли не носат кацига.
Насмевките на мотоциклистите со претставниците на ПС Гевгелија кажуваат дека поминале само со совети, а не и со казни. Ова поради едукативниот карактер на акцијата, за денес прописите важат без предупредување. Кој научи научи, кој не …… Возете со кацига, заштитете живот, не трошете пари за казни!