Студен воздушен бран од север донесе ветрови и пад на температурата во Македонија, од денешните 40 степени во Гевгелија температурата падна на 29, а во Скопје, Тетово… паѓаа дрвја, во Прилепско паѓаше град..
Во текот на попладнето невреме проследено со поројни дождови, ветер и грмотевици зафати делови од Македонија. Во околината на Тетово се забележани паднати дрвја.
Нешто подоцна дождовите од Гостивар и Тетово стигнаа во Скопје. Силното невреме што попладнево го зафати и Скопје предизвика штети низ градот. Една од нив е и на постојка во Аеродром, каде огромно дрво падна врз автобуска постојка.

Oд Скопје, невремето продолжи во регионот на Македонски Брод и Кичево, југозападно од Тополчани, како и во Кривопаланечкиот регион.
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат дека врз Македонија се движи нестабилна воздушна маса, особено над западниот и централниот дел на земјата.

Попладнево атмосферата значително се дестабилизира. Се создаваат влажни фронтални бранови кои на повеќе места условат развој на грмотевични конвективни облачни јадра од кои се очекуваат појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час).
Ова е почеток на невремето во Прилеп:
Невремето за еден час стаса и во Градско:
Во Кадино село, општина Прилеп, во областа на Пелагонија не памети такво невреме, кое што проследено со град направи штети кај земјоделските посеви:
Метеорологот Поповски прогнозира дека на удар на дестабилизација на времето ќе бидат Полошкиот регион, Скопско, централните, локално источните и југоисточните предели од државава. Бидете крајно внимателни доцна попладнево и вечерва!
Во Гевгелија небото се „намршти“ од темните облаци, а зајдисонцето ги обои во портокалово. Засилениот северен ветер ги одвеа, и најавените дождови изостанаа.