Младиот гевгелиски тенисер Александар Груиќ вчера настапи на Дема купот (категорија 2) во Софија, Бугарија и на овој меѓународен натпревар во тенис освои ВТОРО место во двојки.
Александар играше заедно со Кристијан Стефанов од Бугарија во финалето на U16 во конкуренција на двојки и овде се изборија за второ место, по поразот од првите носители Иван Мараковиќ и Павле Стојиљковиќ од Србија со 2-0 во сетови (6:2 и 6:4).

Претходно Грујиќ и Стефанов постигнаа три победи. Во првата рунда ги совладаа Герасимов и Гајдаџиев од Бугарија со 2-0 во сетови (6:2, 6:0), во втората рунда ги совладаа Панто и Патанија од Италија со 2-1 (6:7, 6:1 и 10-0 на поени), а во полуфиналето беа посуспешни од вторите носители Георгиев од Бугарија и Крупа од Германија со 2-0 во сетови (6:4, 6:4).

Одлична потврда на тенискиот талент од Гевгелија кој на овој турнир ги бранеше боите на Македонија како член на Македонската тениска федерација.

Честитки Александар!