среда, 16, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ

Пожарот кој изби на подрачјето на селото Асанли, дојранско на 7 јули, денеска попладне 15 јули, после 9 дена интензивна борба со огнената стихија е СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА

јули 15, 2025
in MАКЕДОНИЈА, ФОКУС
ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ
0
SHARES
141
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Пожарот кој изби на подрачјето на селото Асанли, дојранско на 7 јули, денеска попладне 15 јули, после 9 дена интензивна борба со огнената стихија е СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА.

Ова во видео изјава го потврди Кире Михаилов, заменик директор на ЈП „Македонски шуми“. Пожарот и понатаму е активен во ридестите делови над Николиќ, во правец кон Валандово, но тој е локализиран од проширената линија на шумски патишта долга 34 километри, со која се спречува огнот од внатрешноста да премине на другиот крај од патот и да започне нов терен со огнен пустош.

Related posts

Уловен сом-капиталец од 2,07 метри во водите на Вардар кај Гевгелија

Уловен сом-капиталец од 2,07 метри во водите на Вардар кај Гевгелија

јули 15, 2025
ВИДЕО: Уапсена група криумчари на мигранти, еден од нив е 56 годишен гевгеличанец

ВИДЕО: Уапсена група криумчари на мигранти, еден од нив е 56 годишен гевгеличанец

јули 14, 2025

Денеска на терен беа ер-тракторите кои ги посипуваа со воден товар разгорените точки, а беа присутни и повеќе десетици вработени од ЈП „Македонски шуми“, ШС „Кожуф“ Гевгелија.

Во изминатите девет дена пожарот кај Николиќ беше еден од најпроблематичните, бидејќи дојде момент кога беа загрозени куќите, индустрискиот објект, потребата да се заштитат од опожарување фабричките хали со постојни боци на запалив метан.

Во акцијата за гаснење на пожарот учествуваа 50 пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово, Струмица Кавадарци и Неготино, од ДППД Дојран, потоа 80 припадници на АРМ; 100 вработени во ЈП „Македонски шуми“, екипажот на пинцгаурите и БТР-от, на ер-тракторите, на армиските и МВР хеликоптерите кои исто така дадоа огромен придонес во надминувањето на оваа катастрофа.

Денеска се најави нестабилна облачност на југоистокот, но дожд не заврна во дојранско. Наместо тоа, удар од гром во висините на Беласица предизвикааа пожар на тромеѓјето помеѓу Македонија, Грција и Бугарија, но на Грчка територија. Известени беа властите во Грција и тие со воздухоплови го елиминираа пожарот на Беласица.

Дојранската огнена 9 дневна сага заврши со обрач околу опожрениот дел. Она што остана да догорува треба да догори внатре во обрачот, без да загрози нова шумска маса.

Дожд не заврна денеска во Дојран за да го изгасне пожарот кој беснее 9 дена. Го ставија под контрола ТППЕ единиците, вработените во ЈП „Мак.шуми“, воздухопловите на АРМ, МВР, ДЗС и од соседна Грција. Еден го предизвика, волно, или неволно, а над 300 луѓе го гаснеа заедно со локалното население

Да внимаваме! Да ја чуваме природата, една искра е закана за природата на овој сушен период и сува вегетација!

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Уловен сом-капиталец од 2,07 метри во водите на Вардар кај Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Рождеството на Пресвета Богородица свечено одбележана во с.Богородица, гевгелиско

Рождеството на Пресвета Богородица свечено одбележана во с.Богородица, гевгелиско

2 години ago
Две сообраќајки во еден ден на подрачјето на ОВР Гевгелија

Две сообраќајки во еден ден на подрачјето на ОВР Гевгелија

1 година ago
Реконструкцијата на регионалниот пат Богданци-Гевгелија стаса на 3 км до мостот на Вардар

Реконструкцијата на регионалниот пат Богданци-Гевгелија стаса на 3 км до мостот на Вардар

8 месеци ago
Спортска прогноза за натпреварот Србија – Бразил

Спортска прогноза за натпреварот Србија – Бразил

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ
  • Уловен сом-капиталец од 2,07 метри во водите на Вардар кај Гевгелија
  • ВИДЕО: Уапсена група криумчари на мигранти, еден од нив е 56 годишен гевгеличанец

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ

ВИДЕО: После 9 дена ставен под контрола пожарот кај с.Николиќ

јули 15, 2025
Уловен сом-капиталец од 2,07 метри во водите на Вардар кај Гевгелија

Уловен сом-капиталец од 2,07 метри во водите на Вардар кај Гевгелија

јули 15, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist