петок, 18, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

Вчера на 16 јули 2025 година почина Крстина Делчева, првата председателака на Организација на жени на град Скопје ОЖС

јули 17, 2025
in ФОКУС
IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева
0
SHARES
328
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Вчера на 16 јули 2025 година почина Крстина Делчева, првата председателака на Организација на жени на град Скопје ОЖС. Голем активист за заштита на жените и нивните права, иницијатор за обезбедување простор за ТРАНЗИТНА ЖЕНСКА КУЌА за жени жртви на семејно насилство. Членките на ОЖС ќе ја паметат по нејзината голема хуманост, принципиелност и човечка природа.

Со оваа објава на социјалните мрежи од страна на Дивна Змејковска, претседателка на Синдикалната организација на Организација на жени при УНАСМ беше обзнанено дека ненадејно и тивко замина од овој свет Крстина Делчева, родена Зарлинова, во с.Смоквица, во втората половина од минатиот век.

Related posts

21 годишник од Гевгелија завршил во притвор

21 годишник од Гевгелија завршил во притвор

јули 16, 2025
ВИДЕО: Булдожер го стави во обрач пожарот над с.Николиќ

ВИДЕО: Булдожер го стави во обрач пожарот над с.Николиќ

јули 16, 2025

Како дете од послевоените генерации учеше посветено, заврши гимназија во Гевгелија, се остручи за финансии и сметководство, беше долги години раководител на секторот за финансии и сметководство при Јавното комунално претпријатие „Водовод“ во Скопје, подоцна финансов директор на претпријатието, кариерата ја заврши како директор на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Водовод“, кое беше составен дел на комуналното претпријатие во Скопје.

Крстина Делчева, родена Зарлинова

Млада, полетна, полна со оптимизам и храброст грабеше напред во животот, беше активна во Организацијата на жените и остана со последните свои атоми посветена на каузата за жените како рамноправен и важен дел од општествената заедница.

Беше посветена сопруга, сакана мајка на две деца, син и ќерка, грижлива баба на своите внуци.

Не ги забораваше своите корени. Често доаѓаше да го посети своето сакано родно место Смоквица, своите роднини, братучеди, со кои живееше во детството, со кои се гледаше на семејни веселби, свадби, за празници кога песната ги зближуваше сите.

За нејзиното човекољубие, отвореност, спремност да помогне секому, за идеите и впуштањето во незапирлив од кон остварувањата зборуваат и многуте посвети за неа напишани на социјалните мрежи. Еве дел од нив:

– „Оваа е жена која го истрасира патот на генерации жени кои денес како така имаат некој избор за разлика од генерациите на Кристина. Вистинска хероина Нека и’ е лесен патот во вечноста и огромно благодарам за нејзината борба за сите нас ♥️“ – напиша Билјана Несторова.

– „ Нека почива во мир нашата Тина. Горди сме сите смоквичани на нејзиното дело. Сочувство до фамилијата 😭😭😭“ – напиша Виолета Праматарова Христова.

– „Драга Кристина – драга пријателке. Остави голема празнина во нашите срца. Ти не беше само голем борец за женските права, туку и голем другар, пријател и хуманист. Осниваше мрежа на женски организации низ целата држава и им го подигна моралот на многу онесправени жени. Многу ќе ни’ недостасуваш. Нека ти е светол патот до вечното почивалиште. Почивај во мир. Сочувство до семејството“ – напиша Василка Цветковска.

– „Принципиелен способен човек со високи човечки квалитети, нека почива во светлина, сочувство до семејството“ – (Evuska Elezovikj).

– „Почивај во мир драга Кристина, ти беше мојата учителка за ова што го работам денес. Нека ти е светол патот кон вечното почивалиште“ (Loza Ilieska).

Тина, како што ја викат роднините и блиските, ќе остане запаметена како непокорлив борец за правата на жените, раководител кој водеше грижа за работниците, жена која негуваше особена посветена грижа кон децата, мил семеен лик, сакана мајка, тетка и баба.

Мило ни’ е што од нашиот крај се раѓаат така успешни жени, докажани професионалки и граѓански активистки, на кои сограѓаните со гордост се сеќаваат и паметат.

Светол ти пат Кристина! Смоквица не те заборава, Гевгелија те памети како гимназијалка, Скопје ќе се сеќава на твоите дела.
Биди нова светлина меѓу ангелите!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Методија Ичев во меѓународна акција искачи три врвови на Алпите

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Поради магла намалена видливост до 50 метри кај Демир Капија

Поради магла намалена видливост до 50 метри кај Демир Капија

2 години ago
Oдбележан 22 април – Ден на планетата Земја

Oдбележан 22 април – Ден на планетата Земја

2 години ago
ОЈО нареди истрага за 4 лица вмешани со запленетиот кокаин во Грција

ОЈО нареди истрага за 4 лица вмешани со запленетиот кокаин во Грција

2 години ago
Фурка вечерва не спие – огнот го демне селото во ноќта

Фурка вечерва не спие – огнот го демне селото во ноќта

12 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева
  • Методија Ичев во меѓународна акција искачи три врвови на Алпите
  • Полицајци Хуманитарци!

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

IN MEMORIAM – Почина Крстина Делчева

јули 17, 2025
Методија Ичев во меѓународна акција искачи три врвови на Алпите

Методија Ичев во меѓународна акција искачи три врвови на Алпите

јули 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist