Гевгелија денеска со температура од 40,3°C го дочека топлиот бран од југ.
Празни улици, празни летни тераси од угостителските објекти, вештачки дожд за тревниците, по некое возило, воздухот трепери како штотуку отворена рерна, секој брза да стаса дома на ладовина. Само штрковите немаат замерка, стамено позираат од своето гнездо, задоволни што ги пораснале своите малечки овде во нашиот југ, во топлата Гевгелија 🌞🌅