Херојот ЗОРАН НАСТЕСКИ – Скопјанец од Македонија, сам и голорак, го спречи терористички напад во авион на летот Лондон Лутон – Глазгов.
Видеото од соборувањето на терористот во авион кое масовно се споделува на социјалните мрежи ја вознемири јавноста, но и ги запали социјалните мрежи бидејќи беше воочливо дека лицето кое го соборува терористот е од Балканот.
Храбриот патник Зоран Настески инаку живее и работи во Англија.
Настески го соборил на земја патникот – теторист кој на летот на „Изиџет“ од Лондон Лутон до Глазгов се заканувал дека има бомба и извикувал „Смрт за Америка, смрт за Трамп“ и „Алаху акбар“ и се заканувал со бомба во авионот.
Сепак, за среќа, откако бил соборен, патникот -терорист бил приведен од шкотската полиција, а бомба во авионот не е пронајдена.
Храбри луѓе има Македонија!
ВИДЕО: „СЕДИ ДОЛУ, ПИ*КА ТИ МАТЕРИНА“! Скопјанец совладал терорист