сабота, 15, август 2026
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home MАКЕДОНИЈА

Бранко и Самир доброволно за природата, граѓаните солидарно за доброволците

Двајца другари од Дојран – херои со големо срце за природата и заедницата

септември 10, 2025
in MАКЕДОНИЈА, ФОКУС
Бранко и Самир доброволно за природата, граѓаните солидарно за доброволците
0
SHARES
69
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Двајцата херои од Дојран, другарите Бранко Караколев и Самир Патрон, доброволно го исчистија каналот од ХС „За спас на Дојранското езеро“ што кај месноста Топлец се влева во езерото. После оваа нивна самоиницијативна акција тие го исчистија и паркот околу каналот, го фрлија растителниот отпад, го исчистија паркот кај Саат кулата од 14 век во Стар Дојран.
Иако чистат веќе еден месец, доброволно и без надокнада, никој од граѓаните не им се придружи за помош, а илјадници, илјадници пораки за поддршка и БРАВО добија на социјалните мрежи.

Хуманитарната платформа ЕCrowd.mk отвори донаторска сметка за нив со цел граѓаните да ја наградат нивната самоиницијативност, акција за чистење на Дојран и граѓанска свесност за потребата од чување на природата и уредување на урбаниот простор кој е наменет за граѓаните на Дојран и посетителите на овој јужен езерски бисер.

Related posts

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026
Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

Пијан жител на Богородица останал без возило и без слобода

август 12, 2026

Можете да ја поддржите кампањата со донирање на 100 денари, до максимално 6.000 денари во еден ден, како поддршка за Бранко и Самир да ги продолжат нивните акции за чистење и уредување.

Буџет на кампањата е лимитиран на 700.000 денари, со временска рамка од еден месец. До сега се собрани 5.405,- денари.

Можете да се придружите на кампањата на овој ЛИНК да дознаете нешто повеќе за нивните акции и да донирате симболични средства за поддршка на еколошките акции на двајцата доброволци од Дојран, инаку невработени лица кои започнаа со максимата „Џабе работи, џабе не седи“ и би сакале да продолжат и со други еколошки акции, за доброто на Дојран, на езерото, на заедницата, на сите нас. Но, ете треба и некој алат да се купи, да се замени, гориво за тримерите со кои работат, механизација за поголемите зафати за чистење на отпад и слично.

Донаторскиот фонд можете да го поддржите и со повик на бројот 143 999 кој се однесува за граѓански акции, за групно финансирани кампањи за социјалните случаи и олеснување катастрофи и природни непогоди.

ЛИНК до ecrowd.mk

Самир Патрон (лево) и Бранко Караколев (десно) – од акцијата за чистење на каналот од ХС Ѓавото, кој се влева во Дојранското езеро, во должина од 500 метри

Самир Патрон (33 г.) и Бранко Караколев (27) вложија едномесечен доброволен труд за Дојран. Сега се спремаат да почнат со чистење на Јалмскиот канал кој носи вода од месноста Топлец до каналскиот систем од ХС „За спас на Дојранското езеро“ и се влева во системот од Ѓавото, па двата дотека заедно носат вода со кое се полни Дојранското езеро. Каналот е долг околу 300 до 350 метри, запуштен е, има земја, обрасната трева, наноси од гранки, растенија. Тоа двајцата херои од Дојран сакаат да го исчистат за езерото да има вода, да заживее Дојранското езеро и Дојран со него.

Да им дадеме поддршка на овие наши локални херои!

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

Атина Бојаџи првата македонска пливачка која го преплива каналот Ламанш

Next Post

ВИДЕО: Децата на непалските политичари станаа симбол на корупција – ги нарекуваат „непо-деца“

Next Post
ВИДЕО: Децата на непалските политичари станаа симбол на корупција – ги нарекуваат „непо-деца“

ВИДЕО: Децата на непалските политичари станаа симбол на корупција - ги нарекуваат „непо-деца“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ПРВО место на ЗОНСКО за женскиот тим на СОУ „Ј.Јосифовски“ од Гевгелија

ПРВО место на ЗОНСКО за женскиот тим на СОУ „Ј.Јосифовски“ од Гевгелија

2 години ago
Приведен бегалец од Затвор Гевгелија

Приведен бегалец од Затвор Гевгелија

4 години ago
Уживање

Уживање

3 години ago
Трагична железничка несреќа во Грција, уапсен еден обвинет

Трагична железничка несреќа во Грција, уапсен еден обвинет

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

гевгелија-нет (1)

гевгелија-нет (1)
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Пожарот на Халкидики изгоре 3.500 хa, најмногу во Сивири, Фурка и Касандра
  • Смртно настрада дрвосечач на Кожуф
  • ВИДЕО: Августовското небо со три астро-планетарни феномени

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • БАЛКАН
  • Балкан
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Пожарот на Халкидики изгоре 3.500 хa, најмногу во Сивири, Фурка и Касандра

Пожарот на Халкидики изгоре 3.500 хa, најмногу во Сивири, Фурка и Касандра

август 14, 2026
Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

Смртно настрада дрвосечач на Кожуф

август 13, 2026

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist