Неколку стана изгореа во големиот пожар што се случи во стамбена зграда во Гевгелија на денешен ден 30 јули 2019 година. Изгореа шест станови од најгорниот кат, за среќа немаше повредени, но беше предизвикана огромна матријална штета.
Пожарот остави трауми на станарите од 36-те стана колку што ги има во зградата, со 150 жители на ул. „Ристо Чавдаров“ бр. 25, но најголема траума доживееја жителите кои за неполн час останаа без својот дом, без својата покуќнина, без своите спомени…
Пожарот избувнал околу 11 часот во поткровјето на стамбена зграда на улицата „Ристо Чавдаров“ бр. 25 во Гевгелија, но заради ветрот тој набрзина се проширил и по околните станови.
Станарите од зградата веднаш беa евакуирани, а во гаснењето на огнената стихија учествуваа повеќе противпожарни возила на ТППЕ единицата од Гевгелија. Подоцна пристигнаа и ТППЕ Неготино на помош.

Најголем проблем на пожарникарите им претставуваше ветрот, кој цело време го разгоруваше пожарот. Брзата интервенција на пожарникарите не успеа да ја локализира огнената закана која се ширеше преку кровот во становите од 6-ти кат, каде беа опожарени сите 6 стана од последниот кат.
Гевгелија се солидаризираше со своите сограѓани кои беа оштетени од пожарот. Беа организирани донаторски акции, беа организирани акции за чистење на згариштата, беа одобрени средства за помош и од локалната самоуправа, беа обезбедени привремени живеалишта за семејствата кои останаа без својот дом.
Гевгелија се сеќава.
НИКОГАШ да не се повтори, НИКОМУ!