Моќен земјотрес со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа околу градот Петропавловск на полуостровот Камчатка во Русија. Силниот потрес, кој траел неколку секунди, веднаш активирал опасен бран цунами што го зафати брегот и ги потопи делови од Курилските острови.
Според Руската академија на науките, тоа бил најмоќниот земјотрес на Камчатка од 1952 година. Се претпоставува дека цел месец ќе има дополнителни потреси, кои би можеле да достигнат јачина до 7,5 степени.
Првичните информации говорат за повредени лица, а локалните власти се во трка со времето – жителите се евакуираат на повисоки места. Гувернерот на Сахалин, Валери Лимаренко, изјави дека операциите за евакуација се во полн ек додека се очекуваат нови бранови во текот на наредните часови.
Паниката брзо се прошири и во други делови од Пацифичкиот Океан. Јапонија, Хаваи, западниот брег на САД, Чиле и други земји издадоа аларм за цунами и започнаа мерки за заштита на населението. Американскиот систем за рано предупредување предвиде бранови од над три метри за делови од Русија и Еквадор, додека помали, но сè уште опасни бранови се очекуваат во Хаваи, Јапонија и Чиле.
Тлото не мирува – повеќе последователни потреси се почувствувани во регионот, а експертите предупредуваат дека активноста може да продолжи со денови.
At least 4 whales have washed up along the coast of Japan, hours after 8.8 earthquake
Civilians seen on top of building in Hokkaido, Japan amid tsunami warning.
Tsunami Warning ⚠️ Russia, Alaska, Hawaii, Japan #earthquake #tsunami #Russia #Japan #Hawaii #Alaska pic.twitter.com/3BhfkszQjz
— Sumit (@SumitHansd) July 30, 2025
Првите бранови од цунами дојдоа до брегот на Камчатка и поплавија куќи, објекти …
Снимка во живо од Јапонија – Цунамито надоаѓа!