И годинава во спомен и чест на прерано починатиот гевгелиски кошаркар, 17 годишниот Иван Пенов, во Гевгелија се одржува Меморијален турнир во баскет 3 х 3, кој се организира по петти пат.
На теренот истчаа 26 екипи, или вкупно 100-тина учесника од кои 12 се натпреваруваат во категоријата сениори, 10 екипи се натпреваруваат во категоријата јуниори, а 4 екипи се од женски состав.
Денеска се одигрува третиот натреварувачки ден. На терен се сите екипи по распоред предвиден од организаторот. Се игра на игралиштето „Иван Пенов“ именувано по именосецот на меморијалот.
Екипите се натпреваруваат за награден фонд од 134.000 денари од кои 3, 6 и 12.000 денари за носителите на првите три места во јуниорска и женска конкуренција и награди во износ од 18, 36 и 43.000 денари за најдобрите три екипи во сениорска конкуренција мажи.
Организаторот на баскет турнирот во име на семејството е Павле Николов, долгогодишен тренер на Иван Пенов во КК „Кожуф“ каде Иван настапуваше во дрес со број „6“.
Иван имаше светла спортска кариера пред себе, но прерано го заврши животот на 20.02.2021 година во сообраќајна несреќа во Стар Дојран. Овој август ќе полнеше 22 години и ќе ги забиваше кошевите со тим од првата кошаркарска лига на Македонија. За жал, веќе 5 години ги забива небесните кошеви под ѕвездите на Гевгелија.
Повелете и вечерва, се до финалниот турнирски ден на 4 август, на заедничко спортско сеќавање за Иван и навивајте за кошарката која што тој многу ја сакаше – спортско игралиште „Иван Пенов“.