Трагичен епилог на патешествието на еден 66 годишен возач од Богданци. Со возилото излетал од патот, a крајот бил кобен.
Во извештајот ОВР регистрираше дека на 30.07.2025 во ОВР Гевгелија било пријавено дека околу 16:00 часот на обиколница Богданци, патничко возило „Рено Клио“ со гевгелиски регистраски ознаки, управувано од Љ.С.(66) од Богданци, излетало од патот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал Љ.С., а лекар од Итната медицинска помош Гевгелија констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.