Денес се навршуваат 9 месеци од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад кога животот го загуби Васко Саздовски (45), роден во Свети Николе. Зад себе остави сопруга и две деца. Никој во овие 9 месеци не се запраша што стана со нив? Дали му помогнавме на семејството? Го испративме ли на достоинствен начин овој еминентен стручњак кој замина од земјава бидејќи на Штипскиот универзитет го терале да пишува десетки на луѓе кои не биле ниту за 6-ки! Веројатно затоа и вкупниот одглас на трагедијата во Нови Сад во нашите мејнстрим медиуми веднаш ја симна сликата на Васко?! Бил во некој црн тефтер.
Саздовски една година работел во Институтот во Нови Сад каде се истражуваат и развиваат информатичките технологии за земјоделство.
Пријател на научникот – Митко Јованов се огласи на социјалните мрежи со зборовите дека „го убиле лошите инженери“, алудирајќи на написите во српските медиуми дека ниту еден градежен инженер не бил вклучен во реконструкцијата на настрешницата која се урна убивајќи 16 лица.
Пријателот потсети дека „научници од таков ранг, патуваат со воз, со јавен превоз и не се срамат. А некои на високи позиции, министри, менаџери и којзнае што, не знаат ни од каде ја извадиле дипломата, а имаат и лични шофери. Би сакал, но не можам да молчам, од почит кон тебе. Го сретнав и прашав како е да се биде професор на Електротехничкиот факултет во Штип. Ми рече: „Вујко Мите, ја напуштив работата. Не можам, ме тераат некому да му дадам десетка, а тој за шестка не знае. Ќе помине и ова лудило и тој инженер ќе направи некоја грешка, па некој паметен ќе се запраша кој професор го пуштил на испит“.
Гледаш Васко…. “Не, не можам, подобро да живуркам“ – напиша неговиот пријател на социјалните мрежи.
Фејсбук статус на Љубомир Костовски