сабота, 2, август 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Цвеќе и наклон за Илинденските великани и македонските борци за слобода

Во пресрет на големиот македонски празник, двојниот Илинден денеска делегации на ЗГ, политички партии, СЗБ НОБ од Гевгелија со цвеќе и наклон оддадоа почит на македонските Илинденски великани и борци за слобода, самостојност и државност

август 1, 2025
in ФОКУС
Цвеќе и наклон за Илинденските великани и македонските борци за слобода
0
SHARES
88
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Во пресрет на големиот македонски празник, двојниот Илинден денеска делегација на Здружението на борците од НОБ и продолжувачи заедно со претставници од локалниот гевгелиски Совет, од здруженија на граѓани, политички партии и поддржувачи на македонската кауза го чествуваа празникот со положување цвеќе на спомен обележјата на борците од Гевгелија и гевгелиско, Илинденците и учесниците во НОБ.

Настанот се организира на покана од СЗБ од НОБ ОО Гевгелија и секогаш ги има своите поклоници да присуствуваат на таквата пригода.

Related posts

ТППЕ Гевгелија реализира 21 акција во текот на јули 2025

ТППЕ Гевгелија реализира 21 акција во текот на јули 2025

јули 31, 2025
Трагична сообраќајна несреќа на обиколница Богданци

Трагична сообраќајна несреќа на обиколница Богданци

јули 31, 2025

Ниту староста не ги поколеба борците и продолжувачите да се поклонат бред храброста на гевгелиските стамени борци, а со наклонот за нив изразуваат благодарност за борбата, жртвата, положениот живот и на нивните соборци и храбрите македонски борци во виорот на Илинденските револуционерни денови и во вителот на Народноослободителната борба во ВСВ.

На настанот свое обраќање имаше претседателот на СЗБ од НОБ и продолжувачите за Гевгелија, Ангел Алчинов кој истакна:

– „Годинава се навршуваат 122 години од славното Илинденско востание и 81 година од одржувањето на АСНОМ. Денес, спроти 2 август, со длабока почит и гордост се потсетуваме на два историски настана кои засекогаш го втемелија македонскиот идентитет – Илинденското востание 1903 и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.
Илинден претставува симбол на македонската борба за слобода и национално ослободување. Во Крушево револуционерите на чело со Никола Карев ја прогласија Крушевската република – првата демократска република на Балканот. Иако краткотрајна, таа беше светол пример за борба против ропството и неправдата.

Четири децении подоцна, на истиот ден – 2 август 1944 година – по тригодишна тешка и херојска антифашистичка борба во манастирот „Прохор Пчињски“ се одржа Првото заседание на АСНОМ. Со тоа се поставија темелите на современата македонска држава: се утврди државно-правниот статус и рамноправноста на македонскиот народ, македонскиот јазик стана службен јазик и започна да се гради патот кон самостојна и суверена Македонија.

Посебен дел од говорот на Алчинов беше посветен на гевгелиските заслужни борци, војводи, нНародни херои:
– „Со посебна почит се потсетуваме на борците од двата Илиндена – на војводата Коста Попето од с.Смоквица кој со комити од Стојаково, Риндо Велков, Миле Зајков и други на 2 август 1903 година учествуваат во ослободувањето на Крушево, а потоа и во одбрана на Крушевската Република.
Се сеќаваме на Јосиф Јосифовски Свештарот Ѓорче роден на 2 август 1914 година во гевгелија – Народен херој на Југославија, Ванчо Прке од с.Серменин кој на 2 август 1949 година е проглаен за Народен херој на Југославија, Васо Карајанов кој загина на 2 август 1943 година“ – истакна Алчинов, а ние додаваме СЛАВА ИМ!

Денес ние не само што се сеќаваме, туку и ја превземаме одговорноста да ја чуваме таа слобода, единство и државност“ – истакна Ангел Алчинов при одбележувањето на двојниот Илинден пред Спомен костурницата во Гевгелија, претходно опсипана со цвеќе за борците.

Нека ни’ е честит Илинден, денот на слободата, единството и државноста!

Спомен костурницата на паднатите борци во НОБ од Гевгелија и гевгелиско опсипана со цвеќе
ShareTweetShareSend
Previous Post

Петти јубилеен Меморијален турнир во баскет „Иван Пенов“

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

3 недели ago
Гевгеличанката Драгица Митрова прогасена за МВП во Малта

Гевгеличанката Драгица Митрова прогасена за МВП во Малта

10 месеци ago
Кривична пријава против двајца гевгеличани

Кривична пријава против двајца гевгеличани

1 година ago
Изведена прва трансплантација на црн дроб во Македонија

Изведена прва трансплантација на црн дроб во Македонија

3 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Цвеќе и наклон за Илинденските великани и македонските борци за слобода
  • Петти јубилеен Меморијален турнир во баскет „Иван Пенов“
  • ТППЕ Гевгелија реализира 21 акција во текот на јули 2025

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Цвеќе и наклон за Илинденските великани и македонските борци за слобода

Цвеќе и наклон за Илинденските великани и македонските борци за слобода

август 1, 2025
Петти јубилеен Меморијален турнир во баскет „Иван Пенов“

Петти јубилеен Меморијален турнир во баскет „Иван Пенов“

јули 31, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist