Во светоста на предвечерието од големиот христијански празник Илинден синоќа во дворот на црквата „Свети Димитриј“ во старо Конско, гевгелиско се одржа празнична веселба со присуство на голем број граѓани и гости од околијата.
Со целовечерна забава се славеше доаѓањето на новиот ден Илинден, патронот на селото и заштитник, громовникот Илија.
Одборот за организација на настанот ја почитува традицијата и светоста на денот, па секој празник започнува со празнична литургија во селската црква изградена во 19 век, во 1858 под покровителство на Св. Димитриј Солунски. Одборот подготвува и сенародна забава која некои гости и намерници ја посетуваат не чекајќи покана, знаејќи дека во историското село Конско, секој е добредојден.

Жени, деца, цели семејства, сите се добредојдени и отворени за веселба во предвечерието на Илинден во ова село сместено во пазувите на Кожуф планина. Денес, на 2 август ќе се принесе свечен ручек за секој гостин и намерник во славното Конско.
Денес, 2 август 2025 се одбележуваат и 122 години од Илинденското востание и 81 година од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ кога е втемелена државноста на нашата Република Македонија.
Истотиско Конско ги втемели своите куќи запалени од окупаторот (26.12.1943 год.) и челад стрелана на сред село, во виорот на ВСВ за слободата од фашистичкиот окупатор. Ова не се заборава, ова се памети, за селото на непокорот кое не потклекнало пред силата на окупаторот.
Затоа се слави Илинден – за победите, за слободата, за непокорот, за заедништвото!

И денес Конско Ве чека да го посетите.