Во с.Негорци, гевгелиско се случија два пожара едноподруго, на 5 и 6-ти август.
На 06.08.2025 во 08:45 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во с.Негорци, гевгелиско, настанал пожар во куќа сопственост на С.А..
Екипа на Територијалната противпожарна единица Гевгелија составена од две противпожарни возила и 4-ца пожарникари се упатила на интервенција веднаш. Пожарот бил изгаснат после два часа интервенција на противпожарната единица од Гевгелија, која после ликвидирањето на огнената закана се вратиле во својата база во 10:40 часот.
Засега не е позната причината за опожарувањето на објектот. Тоа била монтажна куќа во кое живеело семејство.
Од МВР јавуваат дека повредени лица нема. Увид бил извршен од МВР и вешто лице кое треба да ја утврди причината за настанатиот пожар.
Ден претходно, на 05.08.2025 год. од удар на гром на земјоделски имот во атарот на с.Негорци била опожарена штала во која имало и алати и земјоделска опрема, а во близина имало и кокошарници и жива стока.
Единицата на ТППЕ Гевгелија дојавата за пожар ја примила во 10:42 часот и веднаш се упатила на терен со едно ПП возило и тројца пожарникари. Пожарот е ликвидиран во 13:20 часот.
Од пожарот стоката и живината биле спасени, изгорел само дел од шталата и нешто од околните посеви, но поголемиот дел од земјоделскиот имот бил спасен, а можнто роширување на огнот елиминирано.
Негорци и минатото лето се соочи со пожар, изгоре дел од околната вегетација, а куќите до кои пожарот стаса на 10 до 20 метри оддалеченост, беа спасени благодарение на исчистените и изораните заштитни појаси околу селото. Граѓаните пред шест месеци имаа доброволна акција на пошумување на подрачјето околу Негорци, за да ја зачуват зелената средина и природното опкружување на селото.